Систем за автоматско гаснење на пожар со помош на вода - спринклер систем
Спринклер системот е еден од најефикасните системи за гасење на пожар.
Тој претставува стабилен систем за автоматско гаснење на пожар со распрскувачки млаз на вода под притисок.
Во нормални услови, пред активирање има затворени млазници кои се отвараат на одредена температура и на тој
начин почнува автоматско гаснење на пожарот. Цевководите кои ја доведуваат водата до млазниците се под постојан
притисок со вода или воздух. Гаснењето на пожарот се врши со одреден број на млазници во зависност од брзината
на ширење на пожарот. Освен гаснење при активирање на млазниците истовемено се врши и дојава за пожар со давање
на сигнал од алармното ѕвоно бидејќи самата млазница е истовремено и термомаксимален јавувач на пожар.
Мокра спринклер инсталација
Mократа спринклер исталација е исполнета со вода под притисок. Притисокот на водата во спринклер инсталацијата
се одржува на константна вредност бари со помош на дополнителна пумпа (јокеј пумпа). Во случај на пожар, односно
значителен пораст на температурата доаѓа до пукање на спринклер ампулата, со што започнува искекувањето на водата
од спринклерот. Со пукање на млазницата, паѓа притисокот во инсталацијата со што преку контролниот и алармиот
вентил се активира хидрауличното ѕвоно, а истовермено имаме дојава и до просторија во која имаме 24 часовно обезбедување.
Сува спринклер инсталација
Сувата спринклер инсталација е исполента со воздух под притисок. Притисокот во цевките го одржува компресор.
Во случај на пожар, односно значителен пораст на температурата доаѓа до пукање на спринклер ампулата, со што
започнува со испуштање на воздухот од цевководот, а подоцна доаѓа и до искекување на вода. Со пукање на млазницата,
паѓа притисокот во инсталацијата со што преку контролниот и алармиот вентил се активира хидрауличното ѕвоно, а
истовермено имаме дојава и до просторија во која имаме 24 часовно обезбедување.
Систем за автоматско гаснење на пожар со помош на гас
Гаснењето на пожар со помош на гас или гасење на пожар со чисти средства се термините кои се користат за да се
опише примената на гасовите при гаснење. Типично чистите средства функционирааат на два начина во процесот на
гаснење. Првиот начин е со редуцирање на концентрацијата на кислород во просторот, со кое се одржува можноста за
горење на ниско ниво, вториот начин е создавање на хемиска реакција со која се апсорвира топлината која се испушта
при горење , а со тоа и се намалува горивата моќ на пожарот.
Системите за гаснење на пожар со чистите средства најчесто се употребуваат за заштита на простории каде што содржината
која се наоѓа во просторијата е од високо и витално значење за понатамошно функционирање на бизнисот. Исто така овие
средства се употребуваат во простории каде се исклучува можноста за гаснење со помош на вода, поради штетата која може
да настане на опремата од водата. Примери каде што може да се употребуваат овие системи се: дата центри, UPS простории,
простории со електро ормари, музеи итн.
FM-200
Противпожарните системи со чисти средства FM-200 се најприменуваните гасови од групата на халокарбон и најчесто се
најприфатливата замена на Halon 1301. Со FM-200 противпожарните системи се штитат голем број на: компјутерски/дата
центри, телекомуникациски центри, високо технолошки медицински центри, бесценети уметнички дела, историски знаменитости
итн.
NOVEC 1230
Противпожарното средство NOVEC 1230 е втора генерација на чисти средства за гаснење на пожар. NOVEC 1230 е најеколошко
средство во споредба со другите, истиот е во течна форма кога е изложен на собна температура. Карактеристично за него
е што изгледа и се однесува како вода, со што овозможува лесно полнење. Ваквите системи овозможуваат поголема
флексибилност доколку гасот се складира на притисок еднаков или поголем од 34.5 bar.
Инерген - IG 541
IG-541 е инертен гас кој се користи кај противпожарните системи, истиот се состои од 52% Азот, 40% Аргон и 8% Јаглерод
Диоксид. Овие типови на системи се сметаат за најефикасни, најеколошки и најисплатливи. Нивната примена е широка: дата
центри, музеи, телекомуникациски обејкти, електро соби итн. Предноста на овие системи е во тоа што се најфлексибилни и
најчесто се применуваат кај простории кои се со поголема квадратура, но не се исклучува можноста за примена и на помали
простории.
CO2
CO2 е гас безбоен, без мирис, електрично не-проводен гас кој е високо ефикасен. Овој гас е веќе 80 години на пазарот
за противпожарни системи, а воедно е и првиот гас кој се употребувал за гаснење на пожари. Има широка примена за
најразлични пожарни категории. CO2 е гас кој брзо се шири, предизвикува пад на концентрацијата на кислород на ниско
ниво во просторијата која што се гаси, со што се оневозможува горењето.
Проектирање
Нашиот мултифунционален и сестран тим, кој досега има работено на едни од најважните проекти во регионот, како
директно инволвирани проектанти или консултанти, може да ви излезе во пресрет на секој проект за систем за
автоматско гаснење на пожар - спринклер систем, без разлика на комплексноста на проектот.
Можноста за создавање на оптимален проект кој ќе биде надополнет со хидраулична пресметка од софтвер кој е одобрен
од сите меѓународни осигурителни компании како и стандарди (NFPA, VDs итн.) е гаранција за нашиот квалитет.
Изработката на 3D модел на целокупниот систем овозможува полесна разбирливост и усогласување со другите инсталации
во просторот.
Нашиот тим има одлично познавање од NFPA, VDs, EN 12 845 стандардите, a проектите се изработуваат користејќи најсофисицирани софтверски пакети.
Изведба
Како резултат на своето долгогодишно и усмерено искуство во изведба на повеќе типови на системи за гаснење на пожар,
можеме лесно да се вклопиме во вашата замисла и очекувања во поглед на тоа како треба да биде изведен системот.
Брзите и ефикасни решенија кои ги нудиме во процесот се како резултат на инволвираноста на нашите тимови при изведба
на голем број на проекти во регионот.
Лицата кои се оговорни за тимовите за изведба имаат одлично познавање од следниве стандарди: NFPA, VDs и EN 12 845.