Безбедност и здравје при работа

Законот за Безбедност и здравје при работа ги утврдува мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Целта на овој закон е да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
Техноинспект е компанија овластена од министерството за труд и социјална политика и поседува овластувања за вршење на стручни работи од областа за безбедност и здравје при работа.
Како стручна овластена органицација Техноинспект ги врши следните стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа:

  • Изработка на Елаборат за Проценка на ризик по работно место;
  • Концепт на изјави за безбедност;
  • Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата;
  • Редовно тестирање и контрола на опремата за работа;
  • Мерење на микроклиматски услови (температура, влажност, струење на воздух);
  • Мерење на бучавост;
  • Мерење на осветленост;
  • Мерење на електрично заземјување;
  • Испитување на громобранска инсталација.

Обуки

Врз основа на член 45 од Законот за безбедност и здравје при работа работодавачот е должен на секој вработен да му обезбеди соодветни обуки за безбедност и здравје при работа. Обука на вработените мора да се изврши:

  • При вработување;
  • Во случај на преместување на ново работно место со повисок ризик;
  • Во случај на воведување на нова технологија или нови средства за работа;
  • Во случај на секоја измена на работниот процес која може да го промени нивото на безбедноста и здравјето при работа.

Обуката подразбира теоретско и практично оспособување на вработените за безбедно извршување на работата и се спроведува во работно време кај работодавачот или во нашите канцеларии. Техноинспект ги спроведува следните обуки од аспект на БЗР:

  • Обуки за БЗР;
  • Обуки за ППЗ(пожари, спасување и евакуација);
  • Обуки за работа на висина;
  • Обуки за ракување со опрема за работа;
  • Обуки за ракување со вилушкар.

Обуките се сосотојат од теоретски и практичен дел. По завршувањето на обуката се пополнуваат тестови и вработените добиваат Уверение за помината обука за безбедност и здравје при работа.
Вработените со специфични професии, работа на висина, ракување со опрема за работа чии работни места имаат висок ризик и зголемена опасност од настанување на повреди при работа работодавачот е должен на секои три години да обезбеди проверка на оспособеноста за безбедност и здравје при работа.